Почетна Вести АВСТРИСКИОТ МИТРОПОЛИТ АРСЕНИЈ: Однесувањето на ЕУ ќе доведе до нејзини колапс
АВСТРИСКИОТ МИТРОПОЛИТ АРСЕНИЈ: Однесувањето на ЕУ ќе доведе до нејзини колапс

АВСТРИСКИОТ МИТРОПОЛИТ АРСЕНИЈ: Однесувањето на ЕУ ќе доведе до нејзини колапс

202
0

Однесувањето на Европската Унија е срамно. Рамнодушноста кон ситуацијата во Европа, Грција, Австрија го најавува нејзиниот колапс. Ваков заклучок дал Митрополитот на Цариградската патријаршија во Австрија Арсениј, анализирајчи ја актуелната состојба во Европа, и мигрантската криза.

Според владиката, голема закана за европско единство носи позицијата на Европската унија за прашањето на нелегалната имиграција.

-Европјаните секој пат се грижат само за себе. Ова може да биде почеток на крајот на обединета Европа, изјавил Митрополитот Арсениј, кој вели дека Грција се соочува со хуманитарна криза. Економијата на земјата е уништен, големата стапка на невработеност во земјата, острото намалување на платите, ја влошило ситуацијата.

-Ако ситуацијата не се промени, ситуацијата во Грција ќе се дестабилизира. Меѓу бегалците има многу деца кои се принудени да спијат под отворено небо. Грците со сите сили се обидуваат да им помогнат, но тие не можат да ја разберат незаинтересираноста на Европа , изјавил Митрополитот Арсениј.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *