Почетна Вести Папата Франциск ги повика младите во Полска да ги прифатат бегалците
Папата Франциск ги повика младите во Полска да ги прифатат бегалците

Папата Франциск ги повика младите во Полска да ги прифатат бегалците

104
0

Папата Франциск ги повика во Краков младите да ги прифатат мигрантите и бегалците, со што директно ќе и се спротивстават на полската Влада која е против тоа.

PAPA KRAKOV  2– Милосрдното срце може да биде засолниште за оние кои немаат дом или го загубиле. Тоа може да им изгради дом и семејство на оние кои биле принудени да мигрираат. Милосрдното срце знае што е нежност и сочувствување. Тоа се отвпра за да прифати бегалци и мигранти, изјави папата пред повеќе од 600.000 млади луѓе за време на меѓународниот собир Светски ден на младите, кој трае шест дена и е наречен „католички Вудсток“.

Полската владејачка конзервативна партија Право и правда не се согласува со поглаварот на Римокатоличката црква во врска со приемто на мигранти и е против задолжителните европски квоти за прифаќање на бегалци.

Некои конзервативни високи свештеници на полската Црква, исто така, имаат дилеми кон мигрантите, посебно кон оние од исламските земји, стравувајќи дека тие би можеле да го загрозат полскиот христијански идентитет.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *