Почетна Вести Антиекуменистите се закануваат со раскол поради Соборот на Православната црква
Антиекуменистите се закануваат со раскол поради Соборот на Православната црква

Антиекуменистите се закануваат со раскол поради Соборот на Православната црква

691
1

Пирејскиот митрополит Серафим од Грчката православна црква предвидува дека Соборот на Православната црква, закажан за јуни на Крит, ќе предизвика расколи од сериозни димензии и можен распад на Православието.

Серафим е еден од неколкуте Архиереи од православните цркви, кој во специјално послание, посветено на актуелните проблеми предупреди на погубни последици по единството на Црквата, ако на Соборот се донесат одлуки кои ќе бидат во функција на како што вели „легализација на екуменизмот“.

– Соборот кој ја легализира целата ерес на екуменизмот, може да биде вистинска мина под објектот на сеправославното единство, затоа што ќе создадеме многу повеќе проблеми, отколку што се тврди дека тие ќе бидат решени. Тоа ќе доведе до бранови, конфузија и расколи, пишува во своето послание Пирејскиот Митрополит.

За него особено скандалозно ќе биде ако се случи обид за промена на датумот за чествувањето на Велигден, потенцирајќи дека Соборот во 2016 година нема да има никакво право да го промени датумот на Пасха, воспоставен уште на Првиот Вселенски собор.

-Ако тоа се случи, ни се заканува раскол, кој за жал ќе имам  канонска основа, потенцира Серафим.

Митрополитот на Грчката црква, отворено спори и со Вселенскиот Патријарх, Вартоломеј потенцирајќи дека неговиот став дека овој собор не може да се нарече „Севселенски“, туку „Сеправославен“, поради тоа што на него не учествуваат западните христијани не е издраажан и е мотивиран од други побуди.

-Православната црква ја поседува целата вистина во полнотата и нема потреба од присуство на еретици, за да тој собор се здобие со карактерот Вселенски. Вистинската причина, која ги мотивирала организаторите да го променат именувањето на соборот од „Вселенски“ во „Сеправославен“ е условена од тоа што во спротивен случај ќе треба да ја признаеме и суштината на Осмиот и Деветиот Вселенски собор на Великиот Фотиј и светителот Григориј палама. Но таков решение би предизвикало загриженост во Ватикан, бидејќи на тие собори е осудена ереста на папизмот, пишува Митрополитот на Пиреја, Серафим.

Серафим е еден од жестоките критичари на екуменизмот и дијалогот со Католиците, оценувајќи дека единствен резултат од екуменските движења се конфузијата и синкретизамот.

-Таквите појави, како што се ракополагањето на жени и легализацијата на истополовите бракови, докажуваат дека резултатот од дијалогот со инославните е што не успеавме да ги убедиме еретиците, дури и во најмал степен, да се приближат кон православното богословие, како начин на живот, пишува во својот критички став за идниот Собор, Пирејскиот митрополит на ГПЦ, Серафим.

Коментар(1)

  1. Би сакал да дадам неколку забелешки на статијата. Прво, самиот наслов ви е погрешен или благо речено, сугестивен.
    Не може прашањето на новопојавената агресивна ерес на екуменизмот да ја релативизирате со текстови и наслови како овој. Демек, има некое си таму малцинство или некој „жесток“ владика кој е против екуменизмот… А другите сите се за обединување со Рим.
    Во Символот на верата читаме и (кој е православен) исповедаме Една Света Соборна и Апостолска Црква. Не две, не три или колку ги има денес протестантски конфесии и псевдохристијански организации. ЕДНА.
    Секој кој вели дека има две цркви, или Православната Црква е дел од некаква си гранка (Branch Theory), тој не исповеда Православие, туку новововедение кое е спротивно на догматите и учењето и Св.Предание на Црквата; спротивно на Св.отци и учители на Православната вера. Ако претстојниот Собор на Православната Црква изразен преку официјалните Помесни Цркви не е во духот на сите претходно одржани Вселенски и Помесни Собори, односно донесува и прифаќа, сугерира и воспоставува други правила од оние кои се вековно утврдени, тогаш тој Собор ќе биде разбојнички, неправославен и ќе створи расколи во целата православна екумена. Предложениот дневен ред, начинот на гласање, латентното, но агресивно сугерирање за да биде легализирана ереста на екуменизмот, не дава надеж дека намерите на организаторот се во служба на постигнување на единство во православниот свет.
    Ја почитуваме желбата на уредништвото да поставува вакви статии, но тоа не треба да се прави со востановената пракса во македонското новинарство, одговорот да биде надробен пред вистинските факти.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *