Почетна Вести Личната асистентка на Папата пронајдена мртва
Личната асистентка на Папата пронајдена мртва

Личната асистентка на Папата пронајдена мртва

314
0

Личната асистентка на папата Франциск, 34-годишната Миријам Валоу е пронајдена мртва во својот стан во предградие на Рим, објави лондонскиот весник „Мирор“.

Миријам, која е од еритрејско потекло, била во седми месец од бременост и повеќе години работела во гостинската куќа Санта Марта како рецепционерка на папата и другите бискупи и кардинали кои таму престојувале.

Американскиот портал „Дејли Бист“ јавува дека полицијата ја разгледува теоријата дека во случајот е вмешан сопругот на Миријам за кого постои сомнеж дека се оженил со неа за да може таа да добие државјанство.

Миријам страдала од тежок вид на дијабетес, поради што нејзината бременост се сметала за високо ризична.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *