Почетна Анализа Зошто Митрополитот Јосиф поднесе оставка?
Зошто Митрополитот Јосиф поднесе оставка?

Зошто Митрополитот Јосиф поднесе оставка?

9.17K
0

Изннадувачка и конспиративна, вака црковни кругови ја толкуваат денешната одлука на Кумановско-осоговскиот Митрополит Јосиф да поднесе оставка и да побара да биде ослободен од архиерејската функција, поради здравствени причини.

Никој од членовите на Синодот на МПЦ-ОА не очекувал дека Владиката Јосиф ќе се одлучи на овој потег и тоа токму на денешната синодска седница, иако неофицијалните информации на религија.мк, велат дека дел од владиците имале дојава дека Митрополитот Јосиф подолго време размислувал за ова.

Владиката Јосиф беше избран за епископ на МПЦ-ОА, заедно со Тетовско-гостиварскиот митрополит г. Јосиф во 2012 година, по смртта на поранешниот Полошко-кумановски Митрополит. Г Кирил. За да им обезбеди епархии на овие двајца епископи, МПЦ-ОА тогаш ја подели оваа епархија на две нови, едната со седиште во Тетово, другата со седиште во Куманово. По нецели осум години, Јосиф Кумановски сега се повлекува од функцијата, но останува мистерија причината поради која тоа го прави. Тој денеска не се појави ниту пред медиумите кои ја следеа синодската седница.

Портпаролот на Синодот, г. Тимотеј денеска изјави дека и за него е изненадување што Митрополитот Јосиф се повлекува од здравствени причини на  42 години.

Сепак, интересен за анализа од денешната синодска седница е моментот што во пакет со неговата оставка, Јосиф го понудил Игуменот Григориј Настески за иден Митрополит на Кумановско-осоговската епархија. Станува збор за личност од максимална доверба, или негова десна рака  во епархијата. Таа идеја Григориј да стане владика, Јосиф ја ставал на маса неколку пати но, владиците не ја прифаќале, меѓу другото и затоа што отец Григориј не го испоилнува главниот услов, нема завршено Богословски факултет, а и воопшто не се наоѓа на листата архимандрити за избор на нови вкладици.

Сепак и покрај тоа, мнозинството владици денеска гласале за негов избор. Религија.мк дознава дека само Митрополитите г.Тимотеј и г. Агатангел биле отворено против оваа одлука. Во образложението за неговиот избор било наведено дека Григориј имал докторат на софискиот Богословски факултет, што можело да се толкува како исполнување на уставниот услов за високо теолошко образование. Инаку Григориј има и уште еден докторат на тема Банкарство и стратегиски менаџмента, а високо образование завршил на Битолскиот технички универзитет.

Отец Григориј ќе ја има титулата Сарандополски епископ, но практично со неговата хиротонија закажана за 25 јули оваа година ќе стане и Митрополит Кумановско-осоговски, што е уште еден преседан во постапките за напредување во хиерархијата.

Инаку, Игуменот Григориј пред да замине во Кумановско-осоговската епархија и да стане игумен на манастирот Свети Јоаким Осоговски, беше секретар на Скопската епархија, кај Архиепископот г.г. Стефан, од каде беше разрешен, а во црковната јавност се спомнуваше и постапка за одговорност, која не се случи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *