Почетна Вести Европа Жестока реакција против митрополит на Кипар кој проповеда антиваксерство
Жестока реакција против митрополит на Кипар кој проповеда антиваксерство

Жестока реакција против митрополит на Кипар кој проповеда антиваксерство

363
0

Силен протест на Црквата на Грција против митрополитот на Морфу Неофит, од Црквата на Кипар.

Проповедите на митрополитот на Морфу Неофит се закануваат да ги расколебаат врските на Црквата на Кипар со Црквата на Грција, која го повика Светиот синод на Кипар, преку архиепископот Хризостом, да го „прибере“ архиерејот на Морфу.

Покрај „пророштвата“ кои ги искажува митрополитот на Морфу по разни прашања, капката која се чини дека ја прелеа чашата беше неговиот став и проповедите против пандемијата и, поконкретно, неговата положба против вакцините.

Согласно информациите на „Филелефтерос“, архиепископот Хризостом во присуство на членовите на Светиот синод (вклучително и на митрополитот на Морфу) вчера го прочитал писмото од Светиот синод на Грција. Преку своето писмо, Светиот синод на Црквата на Грција го изразува своето незадоволство што Неофит Морфу со своите проповеди влијае на христоименитата полнота на Грција, не само со „пророштвата“, туку и на тема вакцинирање против коронавирусот. Уште и побарал да се препорача на Морфу да се ограничи. Јерарсите во Грција сметаат дека е неприфатливо, додека покрај нас луѓе умираат од пандемијата, еден јерарх да проповеда, ни повеќе ни помалку, дека коронавирус не постои.

Неговото Блаженство, после читањето на писмото, го повикал Морфу да ја испочитува желбата на Светиот синод на Грција и да прекине со конкретните проповеди. Се чини дека митрополитот одговорил дека кажал што има да каже на таа тема и додал дека до Божик нема да се повтори.

Се потсетува дека на 13-ти мај митрополитот на Морфу демантираше дека се вакцинирал и додаде: „Ниту се вакцинирав досега, ниту имам намера да се вакцинирам во иднина, бидејќи ги сметам за опасни овие вакцини. Бездруго, во многу мои интервјуа и беседи, кои веќе се на интернет, одговорно имам објаснето кои се причините од кои одбивам да се вакцинирам“.

Забележуваме дека, како што дозна „Филелефтерос“, братот на еден од членовите на Светиот синод на Црквата на Кипар е тешко болен од коронавирус и неговата состојба е толку сериозна што било потребно да се повикаат и лекари од странство.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *