Почетна Вести Христијанство Синодот се огради од свештеникот за кој вакцинте биле ѓаолска работа. Ќе има ли санкции?
Синодот се огради од свештеникот за кој вакцинте биле ѓаолска работа. Ќе има ли санкции?

Синодот се огради од свештеникот за кој вакцинте биле ѓаолска работа. Ќе има ли санкции?

513
0

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија се оградува од ставовите на свештеникот Стеван Здравевски од Битола и ги повикува верниците да не подлегнуваат на зблуди, воедно САС на МПЦ-ОА го поддржува процесот за имунизација на населението, сметајќи го за потребен во надминувањето на кризата со Коронавирусот.

Владиците на МПЦ-ОА, оценуваат дека надлежниот епархиски архиереј треба да ги земе предвид јавните изјави на свештеникот и да постапи согласно своите надлежности.

-Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), го поддржува процесот за имунизација на населението, сметајќи го за потребен во надминувањето на кризата со Коронавирусот. Во таа насока, САС се оградува од изнесените лични ставови на свештеникот Стеван Здравевски, од Преспанско-пелагониската епархија, искажани околу сесветската пандемија од Ковид – 19, коишто не се во согласност со учењето и исповедањето на православната вера. САС апелира до верниот народ, свештенството и монаштвото, да не бидат воведени во заблуда од ваквите погрешни ставови, внимавајќи и на пројавената намера за создавање култ од нечија личност. Се препорачува на епархискиот архијереј да ги има предвид изјавите и повиците на споменатиот свештеник и да постапи согласно на своите надлежности, стои во соопштението на Синодот на МПЦ-ОА.

Оваа одлука на Синодот на МПЦ-ОА, доаѓа по реакциите на јавноста откако Отец Здравевски од Битола јавно апелираше вениците да не се причестуваат кај свештеници, владици и монаси кои примиле вакцина против Ковид 19, тврдејќи дека тие преку вакцината го поимале злото, а вакцината била против човештвото.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *