За прв пат во американската историја, муслиманите клањаа намаз молитви на светски познатиот плоштад Тајм Сквер во Њујорк. Илјадници муслимани се собраа и клањаа таравих намаз во саботата, одбележувајќи го почетокот на светиот месец Рамазан.
Овој настан предизвика и реакции на социјалните мрежи во САД. Додека многу луѓе го поддржуваат намазот на Тајм Сквер, има голем број луѓе кои отворено се противат.
Организаторите на настанот велат дека пораката од муслиманите кои живеат во Америка била со тоа што Рамазан ќе се слави на оваа позната локација во Њујорк е да им порачаат на другите дека исламот е мирољубива религија. Организаторите рекоа дека има многу заблуди за исламот низ целиот свет.
-Сакавме да им кажеме за нашата религија на сите луѓе кои не знаеја за тоа. Исламот е религија на мирот. Во сабота започна светиот месец Рамазан за муслиманите, велат организаторите.