
НАЈНОВА ВЕСТ: Зошто статистика ги промени пописните резултати преку ноќ? Атеистите пораснаа, ги снема евреите и протестаните
419
0
Државниот завод за статистика ги промени графиконите од пописните резултати во делот за верската определба на населнието од пописот во 2021 година.
Нема објаснување зошто тоа е направено, но од вечева табелата 9 која се однесува на резидентно население по верска определба не е истата со табелата 9 објавена на 30 март оваа година.
Она што прв поглед паѓа во очи е промената на бројот на атеисти. Од првичната бројка на 355 лица кои се изјасниле како атеисти, сега бројката е 8764.
Но за таа сметка ја нема графата Евангелско-протестантски христијани, која броеше исто толку попишани 8764 лица.
Во новата табела се избришани, или не се прикажани лицата чија версдка опрделба е помала од 500, па така ја нема ниту графата за Евреи.

