Роден како Србин, ветуваше дека ќе умре како Грк, па воскресна како Русин. Вака авторите на серијалот документарни филмови за јунаците на времето на злото, го опишуваат српскиот епископ Иринеј Буловиќ, кому му посветија еден од серијалите, насловен „Иринеј Буловиќ – Вучиќ во мантија“.
Во документарниот филм Буловиќ е опишан како сива еминенција на СПЦ, бранител на ликовите и делата на сите власти на Србија од деведесеттите до денес. Како и покровител и спасувач на сите свештеници, кои во овие години заглавија во скандали и афери, кои го нарушуваа угледот на Српската Православна Црква.
Серијалот на документарци е снимен по идеја на Славиша Лекиќ,во соработка на ЈСП продукција. Сериојалот се емитува на Н1 телевизија.
Овој документарен филм е маестрално отсликување на ликот на Иринеј Буловиќ, еден од најжестоките противници на македонската автокефалност, а по негова идеја е создадена и ПОА на Јован Вранишковски.
Еден од неговите најблиски соработници во СПЦ, меѓудругите е и Вранишковски.
Погледнете го маестралниот документарен филм.