За Крстовден голема слава во Рајчица со поклон на честица од Светиот Крст на кој бил распнат Христос

Date:

Share post:

Голема манастирска слава подготвува Манастирот „Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, во Рајчица за денеска и во вторник кога Црквата го чествува Крстовден, или празникот на Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов.

krts-bigПокрај свечена и празнична вечерна богослужба, која ќе почне во 18:00 часот и на која ќе биде изнесен на вход крстот со честичка од Чесниот Крст и потоа повторно ќе биде внесен во олтарот, следниот ден во вторник е предвидена Утрената богослужба, и осветување на темелите за новиот монашки конак.

-Во вторникот на Крстовден, од светиот Престол, од олтарот, ќе биде изнесен сребрениот филигрански крст,  во кој се вметнува крстот од времето на игуменот Арсениј со честица на Чесниот и Животворен Крст, а кој преку годината се чува во големиот кивот на Бигорскиот манастир. По чинот на Воздвижение на крстот, на верниците ќе им се даде можност и да се поклонат пред Живоносното и спасително Дрво на нашиот Господ Исус Христос, велат од Бигорскиот манастир

Во 9:00 часот ќе почне архиерејската Литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img