Почетна Интервју Вселенскиот патријарх отворено во интервју за својот живот

Вселенскиот патријарх отворено во интервју за својот живот

531
0

Неодамна, на денот на Успението на Богомајката, Вселенскиот Патријарх, во чест на неговата 60-годишна служба како клирик во Црквата и 30 години од изборот за Вселенски Патријарх, даде ексклузивно интервју за грчката телевизијата MEGA. Интервјуто беше направено на островот Имврос во денешна Турција, во селото „Свети Теодори“, во татковиот му дом.

Патријархот Вартоломеј, кој за време на неговото патријархување успеа да стане водечка фигура во православната екумена и светски познат интелектуалец, во своето интервју зборува за своите детски години, за животот и случувањата на островот, се осврна на гонењата и на прогоните на кои биле, и се уште се подложени Грците и други Христијани во Турција, упати повик кон светот да се вакцинира „безрезервно“, го презентираше и својот музеј во родното место Имврос, зборуваше за иднината на Православието во САД, но и за природните катастрофи што ги предизвикува климатската криза. Во продолжение, низ интервјуто е остварена посета на неговиот личен музеј и кафеаната-берберница на неговиот покоен татко.

Патувајќи низ минатото, тој се присети на многу моменти од својот живот.

Интервјуто беше направено од страна на новинарот Андреас Робопулос.

Погледнете го интервјуто ИЗВЕРЕТЕ CC за превод на македонски јазик

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *