Почетна Вести Европа Прво празнување на светите Лекари при Вселенската Патријаршија
Прво празнување на светите Лекари при Вселенската Патријаршија

Прво празнување на светите Лекари при Вселенската Патријаршија

105
0

Во јули оваа година Светиот Синод на Вселенската Патријаршија востанови празник за да се оддаде почит на големиот принос што светите Лекари го имаат кон човештвото. Затоа оваа недела, на 17 октомври, за првпат после одлуката се прослави Соборот на Светите Лекари, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј отслужи божествена Литургија во Патријаршискиот храм  На Литургијата присуствуваше митрополитот на Буенос Аирес, г. Јосиф, како и голем број на верници од градот и поклоници од другите земји.

Во своето обраќање во чест на овој празник, меѓу другото Патријархот го кажа следното:

„Среде борбите, болките, стравот и тагите што ги донесе пандемијата на коронавирусот, очите на верниците денес со особена надеж се свртени кон светите Лекари, коишто имаат благодатни исцелителни дарби. Тие се исто така поддршка и пример за докторите, медицинските сестри и здравствените работници, кои за време на пандемијата со натчовечки сили се борат да спасуваат животи и да овозможат грижа и олеснувања од болките на своите ближни.

Пандемијата ја извади на површина кревката страна на човечката природа,  нерамнотежата што постои во природната средина поради нашата алчност, поделеноста и раздорот што постои во поширокото општество, но и тензиите во Црквата. Нè принуди да размислиме како ја доживуваме нашата вера пред трагичната закана од смрт, загубата на нашите најблиски и осаменоста својствена за болеста и жалоста. Таа нè поттикнае да ја бараме, преку помошта и посредувањето на Светите, благодатта на Богот на љубовта. Во исто време, пандемијата го истакна вистинското значење на милосрдието; потребата за мобилизација и координација на сите чинители во општеството; неопходната соработка помеѓу Црквата и медицинската наука. Пандемијата покажа брилијантни личности во областа на медицинските науки, но и ги истакна Светиите, кои наспроти медицинската наука обезбедуваат грижа и поддршка на болните, како и на оние кои самопожртвувано и со љубов се даваат себеси вложувајќи натчовечки сили за да се справат со повеќекратните последици од здравствената криза.

Имајќи го секогаш ова предвид, Светиот и Свет Синод одлучи да го воспоставиме 17-ти октомври, како најблизок датум до денот на св. Апостол и Евангелист Лука кој се празнува на 18-ти октомври, за празник на Соборот на светите Лекари, а со тоа и да оддадеме признание на суштинскиот придонес на медицинската наука и нејзините исцелители за човештвото.“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *