Почетна Верски буквар Возобновување на уште една Божикна песна

Возобновување на уште една Божикна песна

638
0

Уште една Божикна песна ќе биде возобновена и препеана од „Љубојна“. Станува збор за  уште една стара Божикна песна (каланда), овој пат многу блиска до народниот мелос, песна што сигурно дека ќе ве предизвика да станете и заиграте од радост.

-Божикната песна што оваа година ја возобновуваме и оставаме за навек, за генерациите што доаѓаат, потекнува од овие широки балкански простори, од времето на Ромејското Царство, Византија. Ја пееле нашите благочестиви претци, а кај нас најдолго се задржала меѓу мијачкото население, заради што и сегашнава возобновена верзија е испеана токму на мијачки дијалект. Ова го правиме во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња. Песната, како и спотот што наскоро ќе се снима на одбрани локации во Галичник и Крушево, ќе бидат нашиот овогодишен Божикен подарок за вас. Не се опишува со зборови радоста што ново-возобновената песна ја носи со себе и моќната порака што ја пренесува на секого што ќе ја чуе, велат од организиацијата  Бадникови поворки.

– Заедно со Бадниковите поворки, во илјадалетието на Бигорскиот Манастир, на чија иницијатива и започна оваа наша света должност на враќање кон вистинските православни традиции, ќе направиме се’ за да ви ги развеселиме срцата и да внесеме празничен божикен дух во вашите домови, но и на клиниките каде што медицинскиот кадар пожртвувано се бори да спаси човечки животи, а наши ближни се борат со современата болест, потенцираат искажувајќи голема благодарост за Владиката Партениј, Игуменот на Бигорскиот манастир, за постојаната духовна поддршка во целата оваа  мисија…

ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ!


(Традиционална ромејска песна што се пеела и на нашите простори)

Изведба: „Љубојна“ во соработка со Традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”;

Пејачи: Анастасија Илиевска, Матеј Тушевски и Стојанче Костов;


Инструменталисти: Благојче Трајковски -кларинет, Тимко Чичаковски-канон, Петар Христов-кларинет и византиска лира, Оливер Настовски-ут, Игор Милевски-виолина, Оливер Јосифовски-византиски контрабас, џумбуш, византиска лаута, перкусии, контрабас.

Снимање, миксање и мастеринг: Студио „Подрумот“,

Музички инжинер: Ангел Ќосев,

Аранжман: Оливер Јосифовски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *