Почетна Вести Во Северна Кореја се оди во логор за употреба на Крст
Во Северна Кореја се оди во логор за употреба на Крст

Во Северна Кореја се оди во логор за употреба на Крст

192
0

Северна Кореја санкционира каква било употреба на знак кој наликува на крст. Според последните информации кои ги објавуваат медиумите за религија во светот, властите во Северна Кореја се во жестока кампања против христијанството. Се што наликува на крст е предмет на заплена и санкција.

severna korerja 1Според последните извештаи, кои сепак се оскудни со оглед на затвореноста на оваа држава и на учениците им било советувано да внимаваат кога го пишуваат знакот за собирење „+“ за да не наликувал на христијанската форма на крст.

Некои непотврдени информации од разни извештаи за правата на христијаните зборуваат дека во Северна Кореја има над 70.000 христијани кои денеска се наоѓаа во концентрациони логори поради нивната вера.

Од друга страна пак, Северна Кореја неодамна објави, слично како и на времето во СССР, слобода на религијата, а во Појнг Јанг има и две христијански цркви, за кои се верува дека се од пропагандни причини.

/ПРАВОСЛАВИЕ.РУ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *