Владиката Петар гостин на Руската задгранична црква

Date:

Share post:

Митрополитот Петар и јеромонахот Атанасиј се гости на Руската задгранична црква, која оваа година, одбележува 100 години од своето основање, објави Литургија.мк

Во рамки на овој јубилеј од 6 до 8 мај, во Минхен ќе се одржи меѓународна научна конференција, а паралелно се одржува и заседание на Архијерејскиот собор на Руската Задгранична Црква.

-На покана на Митрополитот Берлински и Германски Марко, од името на Архиепископот Охридски и Македонски Стефан и на Македонската Православна Црква, на дел од јубилејното чествување присуствува Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар, во придружба на јеромонах Атанасиј Арсоски. На 1 мај, во катедралниот храм во Минхен, беше отслужена заедничка Литургија, на која началствуваше Првојерархот на Руската Задгранична Црква, Митрополитот Њујоршки Николај, во сослужение на останатите архијереи на Руската Задгранична Црква, Архиепископот Рузски Тихон од Берлинско-германската епархија на Московската Патријаршија, многубројни свештеници и православни верници. Со нив сослужуваа и претставниците на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, пишува Литургија.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here