Делегацијата на Романската црква го посети Бигорскиот манастир

Date:

Share post:

Романската црковна делегација, која е во посета на МПЦ-ОА, во состав од шеесетина високи гости – архиереи, архимандрити, игумени, игумении, монаси и монахињи беше во посета на Бигорскиот манастир.

Таму ги примил епископот Антаниски г. Партениј, а заедно со братството на високите гости им приредилеа свечен црковен пречек – иподохи.

-По пеењето на тропарите и молитвите, старецот, како домаќин, се обрати кон архиепископот и кон сите присутни со топло и срдечно слово за добредојде. Им се заблагодари за благословот што го донесоа од преподобната мајка наша Параскева во Јаши, како и од останатите романски манастири и светињи од нивната епархија, за кои, со длабоко чувство, рече дека нѐ обединуваат во Христа. Тој ја истакна нивната благословена епархија како центар за романското монаштво, коешто е толку значајно и за нас. Како жива потврда на тоа единство во Христа, тој сподели едно драгоцено лично искуство од својата младост – средбата со светиот духоносен романски старец Клеопа во манастирот Неамц, кој на еден специфичен начин му предвидел дека ќе стане монах. На крајот од своето слово, Старецот им се заблагодари на гостите за прекрасното присуство и им посака благословен престој, велат од Бигорски.

Архиепископот Теофан, пак потенцирал дека во епископот Партениј и во братство гледа цврста поткрепа и наоѓа сила во делата на Обителта – дотолку повеќе што таа се наоѓа во иноверна средина, а сепак твори такви големи дела што се радост за целата Црква Божја.

-Тој ја наведе карактеристичната мисла блаженоупокоениот романски патријарх Јустинијан, кој говорел дека монасите се елитната и специјална војска на Црквата. Запроси молитви од Старецот и од браќата за својата благословена епархија и срдечно се заблагодари за топлиот пречек и прием.Потоа следуваше општ синаксис во свечениот манастирски синодикон и радосно заедничарење во Христа, во кое љубовта меѓу двете братски Цркви беше уште еднаш живо посведочена, велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here