Владиката Никита (ВП): Ова е видлив знак на единството меѓу Мајката црква на Константинопол и Црквата на Грузија

Date:

Share post:

Претставникот на Вселенската патријаршија, митрополитот на Тијатира и архиепископ на Велика Британија Никита, во Патријаршискиот храм „Пресвета Троица“ упати порака до новиот грузиски патријарх Шио III дека треба да ја води Црквата „со храброст и цврста волја“.

„Присуството на нашата делегација овде е видлив знак на единството — единството меѓу Мајката Црква на Константинопол и Црквата на Грузија, потврдувајќи го нивното заедништво и единството на верата“, изјави претставникот на Вселенската патријаршија, митрополитот на Тијатира и архиепископ на Велика Британија Никита, во храмот „Пресвета Троица“.

Обраќајќи му се на католикос-патријархот на цела Грузија Шио III, тој пренесе поздрави од вселенскиот патријарх Вартоломеј I, нарекувајќи го присуството на делегацијата на литургијата знак на духовно единство.

-Вашиот избор и востоличување се случија по упокојувањето на вашиот сакан духовен отец, Неговата Светост патријархот Илија II. Како што пророкот, кога се вознесе на небото во огнена кочија, му го остави своето наследство на својот ученик и духовен син Елисеј, така и покојниот патријарх Илија II вам ви ги предаде патријаршијата, мантијата и жезолот, за да го пасете стадото доверено на вашата грижа. Како и големиот католикос пред вас, и вие сте повикани да ја проповедате вистината на доверениот народ, на луѓето врежани во вашето срце, како учител. Патријархот Илија II уживаше најголема доверба во Грузија. И вие треба да изградите и развивате силни врски и односи со народот на оваа достојна земја, затоа што на Грузија и на целиот свет им се потребни духовни водачи кои ќе ги водат верниците кон Царството Небесно. Како што знаете, Ваше Светејшество, живееме во свет полн со предизвици — свет поделен, обележан со војни и конфузија. Ние што Му служиме на Бога сме повикани да бидеме миротворци, особено во овие бурни времиња, затоа што го проповедаме патот на љубовта, како што нè учи апостол Павле: „Следете го патот на љубовта“. Со жезолот на довербата востановен од Црквата и со мантијата на љубовта на вашиот упокоен духовен отец, ја зацврстивте својата волја со храброст за да го водите верното стадо на Грузија. Верувајте дека братската љубов и молитвите на Неговата Сесветост патријархот Вартоломеј се со вас. Во името на Неговата Сесветост и на великата Христова Црква, нашата делегација со радост ве прегрнува, велејќи: „Да се љубиме еден со друг“. Да работиме заедно во лозјето Господово за слава на Неговото име. Христос воскресе! Достоен, Ваше Светејшество и Блаженство!“, заврши тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img