Ѓукановиќ: СПЦ е параполитичка организација, Црна Гора треба да ја обнови својата автокефална црква

Date:

Share post:

Поранешниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ изјави дека многумина му замеруваат за неговите остри оценки за Српска православна црква како „параполитичка организација“, но дека секоја таква оценка има свое објаснување.

Во интервју за Телевизија Е по повод 20 години од обновувањето на црногорската независност, Ѓукановиќ повтори дека СПЦ дејствува далеку надвор од канонската автономија на Црквата и дека од страна на Србија добила значајна политичка улога.

„Тоа што сум атеист не значи дека не ги почитувам верските права на верниците на СПЦ, но немам право да молчам кога Црквата длабоко навлегува во сферата на државното и општественото“, порача Ѓукановиќ.

Тој наведе дека СПЦ арбитрира за правото на Црна Гора на државност и национален идентитет, оспорувајќи го црногорскиот идентитет и претставувајќи ја Црна Гора како српска држава. Според него, таквата улога на СПЦ произлегува од стратешките документи на Србија за дијаспората и Србите во регионот.

Ѓукановиќ истакна дека Црна Гора треба да ја обнови својата автокефална црква, бидејќи таа постоела пред да биде укината во 1918 година, додавајќи дека за тоа „нема дилема кај релевантните православни адреси во светот“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img