Големо сослужување во Грузија – Руската црква остана самоизолирана

Date:

Share post:

Грузиската православна црква го одбележа 17 мај, Денот на светоста на семејството и почитувањето на родителите, и 1700 години од христијанството на оваа земја, со масовна литија во Тбилиси и со литургија на која учествуваа претставници на речиси сите помесни автокефални цркви.

Литургијата ја предводеше Патријархот Шио III, а во Патријаршискиот храм „Пресвета Троица“ во Тбилиси главен сослужител му беше поглаварот на црквата на Чешка и на Словачка, Ростислав.

На литургијата учествуваа претставници на Вселенската патријаршија, Александриската, Антиохиската, Ерусалимската,Српската, Бугарската, како и претставници на  црквите од Грција, Албанија и Полска. Иако меѓу гостите беше и претставник на Руската црква, тој не учествуваше во Литургијата пораи учество во нејзе на четирите цркви кои ја признаа автокефалноста на Православната црква на Украина. Нејзин претставник на литургијата исто така немаше, но во литургијата уествуваше владика од Украинската православна црква. Претставници на МПЦ-ОА на овој настан немаше. Во соопштението од Грузиската црква нема информации и за учество на владици од Романија и од Кипар.

Сослужувањето во Тбилиси покажува два интересни моменти во односите на православните цркви. Шио, кој веројатно од позиција на нов патријарх на Грузија ќе се обиде да игра конструктивна улога во Православието со оваа литургија покажа почитување на традиционалните односи во Православието и улогата на Вселенската патријаршија, со што индиректно на површина ја извади самоизолацијата во која се наоѓа Руската црква. Сослужувањето на сите останати претставници на православните цркви со претставниците на четирите цркви кои ја признаа ПЦУ, покажува дека Руската црква е без поддршка во процесот во кој таа сама одлучи да ги прекина сослужувањата со Александрија, Грција, Вселенската патријаршија и Кипар.

Од друга страна Шио имаше покането претставници на Украинската православна црква, а не на Православната црква на Украина. Но за време на литургијата на Големиот вход, меѓу поглаварите не го спомна Онуфриј, што означува дека Грузиската црква и не ја признава самопрогласената автокефалност на УПЦ и се уште ја смета како автономна црква на Московската патријаршија.

Поглаварот на МПЦ-ОА и овој пат не беше спомнат на литргијата, што исто така значи дека за Грузија, МПЦ-ОА не е автокефална црква, што пак е јасен демант на минатогодишните изјави на некои владици на МПЦ-ОА и пишувањата на дел медиуми дека Грузиската црква ја признала автокефалноста. Слично како и со Украина, за Грузија МПЦ-ОА е автономна црква на СПЦ.

Инаку на литургија присуствуваа претседателот на Грузија Михаил Кавелашвили, премиерот Иракли Кобахидзе, претседателот на парламентот Шалва Папуашвили, градоначалникот на Тбилиси Каха Каладзе, како и претставници на дипломатскиот кор, законодавната и извршната власт.

Одбележувањето на 17 мај како Ден на светоста на семејството го востанови блаженоупокоениот патријарх Илија II во 2014 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img