Неколку дена во посета на МПЦ-ОА е Архиепископот Михаловско-кошички г. Георгиј од Православната Црква на Чешка и Словачка. Владиката е гостин на Преспанско-пелагонскиот митополит г. Петар, каде изминативе два дена заедно сослужувале.
Денеска на денот на Свети Димиртрија, во Битола со нив служел и епископот Хераклејски, г Климент. Во предвечерието на празникот, кога се слави споменот на Светиот Великомаченик Димитриј, Владиците Петар, и Георгиј служеле празнична архиерејска Вечерна богослужба во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
На 06.11.2022 г. кога се празнува споменот на светиот маченик Арета и светата маченичка Синклитикија, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Архиепископот Михаловско-кошички г. Георгиј до Православната Црква на Чешките земји и Словачка, отслужеле Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола. А истиот ден воскресна Вечерна Богослужба во храмот во истиот храм.
Галерија од настаните.