Почетна Вести Христијанство Прва заедничка Богослужба на македонски, грчки и бугарски владика во Грција
Прва заедничка Богослужба на македонски, грчки и бугарски владика во Грција

Прва заедничка Богослужба на македонски, грчки и бугарски владика во Грција

389
0

Струмичкиот митрополит Г. Наум денеска во Грција служел литургија со уште двајца владици од две сестрински православни цркви. Домаќин на заедничкото сослужување бил Митрополит на Дидимотихо, Орестијада и Суфли г. Дамаскин, со кого владиката Наум служеше на 8 септември оваа година. Заедно со нив сослужувал и Епископот Велички г. Сиониј од Бугарската Православна Црква. Настанот се слуичил во црквата „Светите архангели Михаил и Гаврил“ во Орестијада, Грција.

Митрополитот од Грчката православна црква на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, г. Дамаскин, е познат на македонската црковна јавност од пред повеќе од пет години, кога заедно со повеќе свештенослужители и верници од својата Епархија, беше на поклоничко патување во Охрид. Тогаш имаше и неофицијална средна со Дебарско-кичевскиот Митрополитот г. Тимотеј.

Кога станува збор за владиката на БПЦ, тој е е игумен на два бугарски манастира, Тројанскиот и Бачковскиот и исто така досега имал контакти со МПЦ-ОА. Со негов благослов пред две години, зографот Димчо Димчовски подари три икони на Бигорскиот манастир.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *