Верските поглавари ги повикуваат лидерите да стават крај на политичката криза во Македонија

Date:

Share post:

verski lideriПоглаварите на верските заедници во Македонија денеска имале координативен состанок на кој ја разгледувале актуелната состојба во државата, како и прашања кои што ги засегаат верниците.

Поглаварите на МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, Еврјската зедница и Евангелско-методистичката црква потпишале декларација со која бараат надминување на политичката криза во државата.

Посебно внимание било посветено на актуелната политичка ситуација, што се одразува на сите граѓани и сите институции во Македонија.

Верски водачи уште еднаш апелираат, особено на партиските лидери и институциите да вложат напори кои ќе помогнат во надминување на кризата преку конструктивен дијалог, истовремено ставајќи ги националните интереси над личните и партиските, стои во заклучоците на декларацијата потпишана од петте уставни верски заедници во Македонија.

Во продолжение интегралните заклучоци:

1. Црквите и верските заедници во РМ стојат на својот порано искажан став дека кризата во едно општество, особено моралната криза, е производ на оддалеченоста на човекот од Бога и недоволните познавања на религијата и нејзините морални принципи. Затоа, Црквите и верските заедници во РМ упатуваат апел до Владата на РМ, односно Министерството за образование и наука, со закон, во најбрз можен рок, веќе од следната учебна година, да се даде заслуженото место на предметот „Етика во религиите“ и истиот да се воведе како задолжителен. Предавачи да бидат квалификувани лица, потврдени од Црквите и верските заедници.

2. Црквите и верските заедници, по примерот на бројни држави, сметаат дека е неодложно и присуството на свештени лица во Армијата на РМ, преку воведувањето на војнички капелани.

3. Верските поглавари укажуваат и на потребата од присуство на духовни лица во болниците – преку службата на болничките капелани.

4. Претставниците на Црквите и верските заедници во РМ апелираат до Министерството за труд и социјална политика за важноста од учество на религиите, преку свештенството и верските службеници, во остварувањето на верските права како и во процесот на ресоцијализација на луѓето што се огрешиле против Законот и отслужуваат казна во македонските затвори.

Впрочем, Црквите и верските заедници се реалност, присутни се во Уставот. Според тоа, за секое општество кое е демократско, ваквите барања и иницијативи се добредојдени и истите треба да се најдат во законски рамки, стои во соопштението од средбата.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img