Почетна Вести Божиновска во посета на Католичкото Радио Марија Македонија
Божиновска во посета на Католичкото Радио Марија Македонија

Божиновска во посета на Католичкото Радио Марија Македонија

127
0

Radio katolicko 2Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи во Република Македонија Валентина Божиновска на 9 јуни 2016 година го посетила Католичкото Радио „Марија Македонија“.

Божиновска имала средба и со директорот на радиото монсињор Антун Циримотиќ и претседателката на Здружението „Радио Марија Македонија“ Катица Трајковска Абјаниќ, пишува интернет порталот „Католици.мк“.

Директорката на Комисијата била запознаена со програмските содржини на ова религиозно интернет радио, како и со долгогодишниот проблем за добивање на ФМ фреквенција.

Божиновска изразила заинтересираност за постоењето на ова радио и како, како што пишува порталот, ја искажа својата поддршка во барањето за ФМ фреквенција, истакнувајќи ја потребата од постоење на ваков вид радио со духовна содржина.

Радио Марија Македонија е дел од „Светското семејство на Радио Марија“, а својата програма ја емитува од 8 декември 2014 година. Емитува 24 часовна програма со духовни, образовни, културни, социјални и уметнички содржини. Радиото преставува мост меѓу заедниците кои ги споделуваат христијанските вредности, како и меѓу различните етнички заедници. Програмата се емитува на веб страната www.radiomaria.mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *