Почетна Вера Вечерва сеноќно бдение во „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје
Вечерва сеноќно бдение во „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

Вечерва сеноќно бдение во „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

739
0

Свештеници од Скопската епархија, од неколку храмови вечерва ќе отслужат сеноќно бдение во Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“. Сеноќното бдение е со благослов на Архиепископот, охридски и македонски, г.г Стефан, а е во чест на блажената Ксенија Петроградска. Нејзиниот спомен Православната црква го чествува на 6 февруари. Нејзиниот култ е голем во Русија, а во последно време се развива и во Македонија.

Сеноќното бдение почнува во 22 часот, а се очекува да трае до три часот наутро.

Инаку, сеноќното бдение е практика која во МПЦ изминативе неколку години ја практикува помладата генерација свештеници. Целовечерното бдение е еден вид подвиг за верниците. Скратувајќи го сонот, прават подвиг да се молат.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *