Почетна Вести Христијанство Веб-страницата на Бигорскиот манастир достапна и на албански јазик
Веб-страницата на Бигорскиот манастир достапна и на албански јазик

Веб-страницата на Бигорскиот манастир достапна и на албански јазик

255
0

На официјалната веб-страница на манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, објавена е верзија и на албански јазик.

-Со оглед на тоа што веќе неколку години, покрај македонската, имаме и англиска и грчка верзија на нашата интернет-страница, со благослов на нашиот старец и игумен, владиката Антаниски г. Партениј, одлучивме да воведеме и албанска верзија, од почит кон нашите сограѓани чиј мајчин јазик е албанскиот и, секако, во правец на соживотот и меѓусебното почитување, како и во духот на христијанското учење за еднаквост и љубов кон сите луѓе. Го правиме ова со надеж за подобрување на заедничкиот соживот во нашата држава. Исто така, со интерес за албански превод на наши содржини се соочуваме и од страна на бројни наши пријатели, православни христијани од Република Албанија, со кои сме во добри и пријателски односи. На албанската верзија ќе бидат преведувани и објавени позначајните вести и настани кои се однесуваат на Бигорската Обител, како и општополезни текстови со православна содржина, изјави за МИА архимандрит Доситеј од Бигорскиот манастир.

Новиот манастирски сајт на македонски јазик беше објавен во 2016 година во чест на празникот Христово воскресение Велигден, а година потоа објавена беше верзија и на англиски и на грчки јазик.

Интернет-страницата на Бигорскиот манастир важи за најажурирана и најчитана страница со црковна содржина кај нас, која редовно известува и за случувањата во православниот свет. вт/хс/

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *