Почетна Вера МПЦ-ОА Благодатно восходење на врвот Голем Крчин
krcin 2022
krcin 2022 1
krcin 2022 2
krcin 2022 3
krcin 2022 4
krcin 2022 5
krcin 2022 6
krcin 2022 7
krcin 2022 8
krcin 2022 9

Благодатно восходење на врвот Голем Крчин

147
0

Седма година по ред, монасите и монахињите од Бигорската свештена обител, вчера отслужија Божествена Литургија на врвот Голем Крчин, што се наоѓа од 2.341 метри надморска височина.

-Откако со благослов на нашиот Старец, Епископот г. Партениј, пред седум години, беше возобновена традицијата за служење на Света Евхаристија на планинскиот врв Крчин, нашиот Тавор на Преображението, нашиот рид на радоста, дел од браќата монаси и сестрите монахињи зедоа подвиг на восходење и на молитвено учествување во Божествената служба, на која ѝ се приклучија и четириесетина духовни чеда од нашите манастири, изјави за МИА, отец Кирил.

Нашиот Старец, додава, кој е учител на љубовта и радоста, повторно ни го подари својот благослов да се радуваме на возвишението на Крчин, да вкусиме од убавината на Божјата величественост и гледајќи ги создадените од Бога прекрасни висини и пространства.

-Силното божјо присуство, особено преку Светата Литургија, ги исполни душите на присутните со вистинска радост, светлина и благодарност. Тоа ретко искуство беше прекрасна оддишка за душата и непроценлив и исклучителен благослов, на кој присутните се удостоија, по молитвената сила испросена од Старецот и по неуморното застапништво на Пресветата Богородица и на Свети Јован Претеча, нагласува отец Кирил.

Традицијата што ја почнаа монасите и монахињите, по повод големиот празник Преображение, станува еден од најомилените настани.

-Навистина голем подвигот е човек да се искачи на овој чудесен по својата убавина врв и таму, во близина на остатоците од некогашниот храм посветен на Преображението Христово, да се прсуствува на богослужба која како да се одвива на небесата, вели еден од духовните чеда.

На врвот Голем Крчин, во 2016 година, за првпат, по 80 години, беше  отслужена Литургијата на местото каде што некогаш имало храм посветен на Преображението Господово, а денес стојат само остатоци од него

Врвот Голем Крчин е највисокиот врв на планината Крчин во западнот дел на Македонија, кој се извишува над селото Битуше. Планината се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец Шара – Кораб – Дешат – Крчин – Стогово – Караорман.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *