Почетна Вести Ислам Поглаварот на ИВЗ во посета на битолското муфтиство
Поглаварот на ИВЗ во посета на битолското муфтиство

Поглаварот на ИВЗ во посета на битолското муфтиство

98
0

Во посета на битолското муфтиство поглаварот на ИВЗ Реисул Улема хфз.хаџи Шакир еф Фетаху,  оствари средба со битолскиот муфтија Амит еф.Расими. Во рамки на посетата беа потпишани два протоколи за соработка помеѓу ИВЗ и Генералната дирекција на вакуфи на Република Турција.

Едниот протокол е за реставрација и конзервација на Ханот кој е дел од комплексот Хаџи Махмуд Бег џамија и 5 деловни објекти кој се во продолжение на проектот за реставрација и конзервација на Хаџи Махмуд Бег џамија.

Другиот протокол  е за реставрација и конзервација на Коџа Кади џамијата во Битола.

Воедно во рамки на денешната посета поглаварот ги посети и започнатите проекти на битолското муфтиство, како Центарот за култура и образование и Капелата во новите муслимански гробишта.

/Тера тв

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *