Вселенскиот патријарх Вартоломеј зборувал за етнофилитизмот во православната црква на средбата во Атина со грчкиот претседател, Константинос Тасулас,.
Како што пишува Ортодокс Тајмс, Вселенскиот патријарх Вартоломеј се осврнал и на тешкотиите со кои моментално се соочува светското православие, предупредувајќи на повторната појава на етнофилетизмот, односно религиозниот национализам.
„Проклетството на етнофилетизмот навлезе во телото на Православната црква и го мачи современото православие. Нашите словенски браќа, предводени од Руската црква, се главните кои го разградуваат сеправославното единство, изјавил Вартоломеј.
Во исто време, патријархот ја потврди посветеноста на Вселенската патријаршија кон меѓуправославниот дијалог и соработката меѓу црквите, истакнувајќи дека Фанар „не само што има право, туку и одговорност да ги води и координира сеправославните прашања“.
Претседателот Тасулас го поздравил патријархот Вартоломеј со зборовите дека претставува „институција со огромно влијание“ како духовен водач на милиони православни христијани ширум светот.
Тасулас ја нагласи и важната улога на Вселенската патријаршија во промовирањето на мирот и дијалогот меѓу религиите.
„Ако нема мир меѓу религиите, не може да има мир меѓу народите“, изјави тој, повторувајќи една од долгогодишните пораки на Вселенскиот патријарх.
