Руското влијание почнува да ја менува МПЦ-ОА од внатре

Date:

Share post:

Надворешните влијанија со кои се соочува МПЦ-ОА се сериозен предизвик и за црквата и за општеството, предупредува главниот и одговорен уредник на Религија.мк, Марјан Николовски во интервјуто за порталот 48часа.мк.

Николовски вели дека македонската црква веќе неколку години е под сериозни влијанија на Руската и на Српската црква, кои веќе се рефлектираат врз живото на МПЦ-ОА

– Според мене многу посуштинско е надворешното влијание. Тоа знаете, за обичните верници не е лесно препознатливо и не е нешто што тие можат да го дефинираат како проблем, или како закана. Но, јас во последните три години забележувам драстични поромени во МПЦ-ОА кои се под влијание на надворешни фактори. И тие фактори се јасни – руско-српските црковни интререси. Зошто го велам тоа? МПЦ-ОА, како и сите помесни православни цркви од овој регион, па вклучувајќи го и малку поширокиот простор, се цркви кои во својот богослужбен типик, во својата структура на иконографија, во својот карактер на црковни грабди, припаѓаат на византиската црковна култура и богослужење. Тоа се разликува само од руската поставеност на црковна идентификација. И сега многумина не забележуваат, но оние кои распознаваат, забележуваат извесни отстапувања во одредени делови, особено во богослужбениот типик, кои од византиски се трансформираат во руски. Зошто е тоа така не знам, но сосема сигурно знам дека ако тој руски културно-духовен белег бил своиствен за Македонија и за македонската црква, него ќе го влене во црковниот живот и свештениците, подоцна и високиот клир, кои ја возобнуваа автокефаноста на МПЦ-ОА уште од 1944 година. Но тие останале верни на византискиите обреди, нешто што тивко, но изразено денес го напуштаат некои структури во МПЦ-ОА. Бидејќи никој совесен не може да разбере зошто, и кому му оди во прилог такво нешто сега, тогаш тоа сосема отворено може да се дефинира како проблем под навдорешни влијанија. Тој проблем на подолг рок може да биде сериозен и предизвикувачки, вели Николовски во интервјуто за 48часа.мк.

Тој предупредува дека стратегијата на Руската црква има вои политички интереси и те немаат никаква врска со каноните на црквата. Тие политички интереси на руската црква имаат и политичка цел во Македонија.

-Надворешните руски влијание врз МПЦ-ОА имаат и уште една трета страна, а тоа е тие да предизвикаат моделирање на јавната свест за политички интереси, односно рускиот црковен и политички наратив да стане црковна, а подоцна и политичка идеологија во Македонија. А тој наратив се коси со стратешките национални интереси на државата, дефинирани уште од нејзиното осамостојување – полноправно члеснтво во НАТО и во ЕУ, изразена проевроска ориентација на општеството. Во рускиот наратив тие цели се дефинирани како „западно зло“ кое го уништува православието, вели Николовски.

Целото интервју причитајте го ОВДЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here