Албанскиот архиепископ и Вселенскиот патријарх ќе сослужуваат во Кападокија

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј и албанскиот архиепископот Јован ќе сослужуваат на Божествена литургија во Кападокија за време на поклоничкото патување организирано од Вселенската патријаршија од 16 до 18 мај, објави Ортодокс Тајмс.

Според официјалното соопштение на Вселенската патријаршија, поклоничкото патување ќе се одржи по добивањето на неопходната дозвола од надлежните власти.

Програмата ќе започне во сабота, на 16 мај, во 18:00 часот, со отслужување на Голема вечерна во храмот Црква на Светите Константин и Елена, со која ќе началствува Вселенскиот патријарх.

Во недела, на 17 мај, од 9:30 до 12:30 часот, ќе биде отслужена Божествена литургија во храмот Црква Свети Теодор. Со богослужбата ќе началствува Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во сослужение со архиепископот Јоан на Албанија и архиереи од двете цркви.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here