Македонците од Европската епархија купија уште една црква

Date:

Share post:

На 6 мај 2026 година, на големиот христијански празник Ѓурѓовден, Македонската православна црковна општина „Пресвета Богородица“ во Локарно, Швајцарија, официјално го потпиша договорот за купопродажба на црковниот храм во Локарно Монти.

Овој значаен момент претставува ново поглавје за македонската православна заедница во Локарно и околината. По долг труд, молитви и заедничка поддршка, верниците добиваат свој духовен дом, кој ќе биде место за молитва, единство и зачувување на македонската вера и традиција – известува Европската епархија.

Од црковната општина упатија голема благодарност до сите верници и поддржувачи кои придонесоа овој сон да стане реалност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here