Почетна Вести Христијанство В сабота на скопскиот аеродром ќе пристигне Светиот благодатен оган
В сабота на скопскиот аеродром ќе пристигне Светиот благодатен оган

В сабота на скопскиот аеродром ќе пристигне Светиот благодатен оган

400
0

Комисијата за односи со верските заедници соопшти дека на 1 мај, кога се празнува Велјасабота, во нашата држава во вечерните часови ќе пристигне Светиот благодатен оган на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, ќе ја има честа на Меѓународниот аеродром во Атина, Република Грција, да го преземе Светиот благодатен оган од страна на грчката државно-црковна делегација, која ќе го донесе од Ерусалим, каде што речиси два милениума се симнува во пладневните часови во Христовиот гроб во црквата на Христовото воскресение на Велика сабота

По пристигнувањето, Светиот оган на Меѓународниот аеродром во Скопје ќе биде пречекан и преземен од претставници на православните епархии, кои ќе го однесат во сите градови во државата. Директорот на Комисијата, Сотировски, по доаѓањето, Светиот оган ќе му го предаде на неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, во резиденцијалниот манастир „Св. Георгиј Победоносец“ во Скопје.

Од Комисијата потсетуваат на апелите за задолжително придржување до мерките за заштита од коронавирусот, со особен акцент задолжително носења заштитна маска во храмовите и надвор од нив.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *