Ученици од Пештани слушаа предавање на митрополитот Георгиј

Date:

Share post:

Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Георгиј, во својата резиденција примил поголема група ученици од основното училиште Свети Наум Охридски од село Пештани.Епархијата сподели фотогфаии од средбата, каде учениците биле во присуство на директорката на училиштето и наставниците.

Митрополитот Георгиј на учениците им зборувал за светите сесловенски просветители Кирил и Методиј и нивните ученици. По предвањето, како што велат од епархијата следувал и разговор со учениците.

-Од страна на директорката и наставниот колегиум, на Митрополитот му беше врачена благодарница за несебичната поддршка, соработка и придонес во афирмирањето на духовните,хумани и образовни вредности кај младите генерации, велат од епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img