Нов свештеник во Повардарската епархија – Митрополитот Агатангел го ракоположи Бобан Ѓорѓиевски

Date:

Share post:

Митрополитот Повардарски Агатангел на 21 ноември 2026 година го ракоположи во свештенички чин протоѓаконот Бобан Ѓорѓиевски од Велес.

Ракополагањето се одржа за време на Светата архијерејска литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, на празникот Собор на Светиот Архангел Михаил и останатите небесни сили.

Со литургијата началствуваше митрополитот Агатангел, во сослужение на свештенството од Велешкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија.

По ракополагањето, митрополитот Агатангел му упати поучно слово на новиот свештеник, повикувајќи го ревносно и совесно да ја чува и проповеда православната вера, со чисто срце и верност да го љуби Господ Исус Христос, Македонската православна црква и македонскиот народ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img