Епископот Делчевско-каменички Марко на 21 ноември 2026 година сослужуваше на Светата литургија по повод храмовата слава на црква посветена на Светиот Архангел Михаил, во францускиот град Милуз (Mulhouse), која е под јурисдикција на Српската православна црква (СПЦ).
На литургиското сослужување, со кое началствуваше пензионираниот епископ на СПЦ Константин, учествуваа повеќе свештенослужители од Света Гора, Руската, Романската и Српската православна црква.
По завршувањето на Светата литургија биле благословени коливото и славскиот колач, по што епископот Константин им се обратил на присутните со пригодна беседа, честитајќи им ја храмовата слава на верниците кои се собираат и богослужат во овој храм.

