Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на конвенцијата на еврејските републиканци вети дека, доколку биде реизбран, повторно ќе ја воведе забраната за влез во САД на граѓаните од земјите со мнозинско муслиманско население.
На почетокот на неговиот мандат во 2017 година, Трамп воведе ограничувања за влез во САД за граѓаните на Иран, Либија, Сомалија, Сирија, Јемен, Ирак и Судан.
Забраната брзо беше оспорена на суд како дискриминаторска кон религиозните групи, но заедно со тврдокорната антиимиграциска агенда на Трамп, таа беше популарна во неговата партиска база и меѓу неговите приврзаници.
Претседателот Џо Бајден ја укина забраната во неговата прва недела откако стапи на функцијата во Белата куќа во 2021 година.
Поранешниот престедател Трамп = беше еден од неколкуте истакнати републиканци кои се појавија на собир на влијателните еврејски донатори за да изразат непоколеблива поддршка за Израел во неговата војна против Хамас.
Говорејќи на митинг во Лас Вегас, Невада, Трамп рече дека „ќе го брани американскиот пријател и сојузник Израел како што тоа никој досега не го направил“.
Конфликтот меѓу Израел и Хамас е „борба меѓу цивилизацијата и дивјаштвото, граѓанството и развратот и меѓу доброто и злото“, рече Трамп во своето обраќање на собирот.
На митингот Трамп ја нападна администрацијата на Бајден, но се воздржа да ги критикува своите ривали.
Поддршката за Израел е од големо значење и за републиканците и за демократите во САД и е едно од ретките прашања на американската надворешна политика што игра улога во анкетите, меѓу другото, поради големиот број гласачи со еврејско потекло и важноста на евангелски христијани за кои постоењето на еврејска држава е предуслов за „второто доаѓање“.“ на Исус Христос.

