Почетна Вера Евангелско-Методистичка Празничен појадок во чест на протестантската реформација
Празничен појадок во чест на протестантската реформација

Празничен појадок во чест на протестантската реформација

1.44K
0

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г. Даријан Сотировски утрово ги прими на празничен појадок претставниците на протестантските цркви од државата, членки на Евангелско протестантската иницијатива. Собирот се одржува во чест на Денот на протестантската реформација, 31 Октомври, кога Мартин Лутер во далечната 1517 година ги истакнат 95те тези на вратата на црквата во Витемберг со што започнал процес на реформирање и нова ера на стариот континент.

-На средбата се разменија различни видувања за актуелни случувања, како и предизвиците на верските субјекти во своето редовно работење. Соработката која постои помеѓу Комисијата за односи со верските заедници и протестантските цркви продолжува да се развива преку задржување на партнерскиот однос и на меѓусебната доверба, согласни беа сите присутни, велат од Комисијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *