Во храмот посветен на Св. Георгиј Победоносец во Лазарополе, Игуменот на Бигорската обител и монасите служеа за празинкот на Светиот пророк Илија. Истовремено беше одбележан и денот на национално востание и денот на создавањето на современата македонска држава.
-Потсетувајќи се на своите силни во верата предци, кои успеале низ долгите векови на големи страданија, ропство и бројни жртви да го сочуваат својот духовен и национален идентитет и да им ги предадат како најголема светиња на своите потомци, ревносните Лазарополци го преполнија храмот и со голема будност и молитва зедоа учество во богослужбата. А славниот пророк Илија го награди нивниот подвиг со голема благодат од Бога, која особено ги посети нивните срца, кога вдахновените зборови на нашиот Старец уште повеќе ја разгореа нивната вера и љубов кон Бога и кон Татковината, велат од Бигорскиот манастир