Почетна Вести Тетовското муфтиство се всели во реновиран објект

Тетовското муфтиство се всели во реновиран објект

111
0

Тетовското муфтиство на ИВЗ, ќе работи во нова реновирана административна зграда. Реновираниот објект свечено беше отворен во присуство на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и целокупниот Ријасет на ИВЗ. Покрај Реџепи на свеченоста присуствувале и муфтиите и координаторите на муфтиствата, како и претставници на верско-образовните институции на ИВЗ.

Со манифестацијата на свеченото пуштање во употреба предводел главниот имам на Тетовското муфтиство Ејуп Селмани. Биле читани ајети од Коранот од страна на познатиот хафиз Абдирахим Мурати.

Инаку, реновирањето на објектот е донација на верници и организации.

На отворањето на зградата зборувал и Реисот Сулејман Реџепи, кој ја потенцирал важноста на овој настан потенцирајќи го возвишениот чин и присуството на највисоките тела на ИВЗ.

Тетовскиот муфтија Ќани Несими му доделил плаката на поглаварот Реџепи за неговиот верски и национачен придонес во зачувувањето на институцијата Исламска Верска Заедница на РМ, како и за неговиот најприфатлив начин за надминување на предизвиците изминативе децении

Исто така Муфтијата им доделил плакати и на поранешните тетовски муфтии, Алификри Есати и Неџати Лимани, за нивниот максимален придонес и ангажман за зачувување на институцијата Муфтиство на Исламска Верска Заедница во Тетово, како и за зачувување на верските и националните вредности во опшеството и пошироко.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *