Тајната на црквата во Разловци! 150 ГОДИНИ ПОДОЦНА

Date:

Share post:

Храмот во селото Разловци, посветен на светите цар Константин и царица Елена, претставува значаен историски и духовен центар во Источна Македонија. Изградбата на црквата траела 20 години, од 1836 до 1856 година, а била осветена три години подоцна во присуство на владика и многубројно свештенство, пишува dina.mk.

Првиот свештеник кој раководел со изградбата бил поп Стојан Разловечки. Разловци било центар на револуционерното движење, а во него престојувале и водачите на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Црквата е тесно поврзана со Разловечкото востание, кое започнало на 20 мај 1876 година. Димитар П. Г. Беровски, заедно со неговиот дедо поп Стојан, го продал својот имот во Берово за да набави оружје од Солун за востаниците. Советувањата за почетокот на востанието, раководени од Беровски и поп Стојан, се одржувале на местото Каваѓерзиево. На западниот ѕид на храмот се насликани ктиторите и другите помошници во изградбата.

По повод 100-годишнината од Разловечкото востание, стручна екипа од Заводот и музеј од Скопје, предводена од д-р Коста Балабанов, извршила деконзервација на фреските на западниот дел од црквата. Храмот се истакнува како единствен во поширокиот регион на Пијанец и Малеш поради своите карактеристики. Внатрешноста, покрај вредните ѕидни фрески, содржи и резби и апликации на симболот на македонското сонце, познат како ѕвездата од Кутлеш или Вергина.

Во хајатите на црквата, од западната страна, се наоѓаат гробовите на тројца свештеници кои служеле во храмот. Карактеристично за внатрешноста на црквата е постоењето на неподвижен сад за крштевање на новороденчиња, што претставува реткост во македонските цркви и манастири.

/DINA.MK

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img