Почетна Вести Стравот од тероризам го испразни ватиканскиот плоштад за молитвата на Папата
Стравот од тероризам го испразни ватиканскиот плоштад за молитвата на Папата

Стравот од тероризам го испразни ватиканскиот плоштад за молитвата на Папата

122
0

Папата Франциск, заедно со десетина илјади верници, се молеше за жртвите од терористичките напади во Брисел.

На денешната генерална аудиенција, тој ги поканил близу 20.000 присутни на плоштадот „Св. Петар“ на молчелива почит кон загинатите, ранетите, роднините и целиот белгиски народ.

Папата ги повикува сите Христијани во светот да се молат за оние, чии што срца се заслепени од жестокиот фундаментализам.

Инаку, 20.000 посетители е невообичаено мала бројка на присутни за Страсната седмица. Само три дена претходно на литургија на истиот плоштад беа присутни околу 60.000 луѓе.

Намаленото присуство е резултат на засилените мерки на безбедност по терористичките напади во Брисел.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *