СПЦ сподели фотографии од посетата на Порфириј во Скопје
Српската православна црква и Патријархот Порфириј, вечерва известија за посетата на Српската црковна делегација на Македонија. Споделија и фотографии од пречекот на аеродромот во Скопје, средбата во резиденцијата на поглаварот на МПЦ-ОА и од хотелот каде се сместени.
Во соопштението на СПЦ,пишува дека Порфириј доаѓа во посета на МПЦ-ОА на покана од Архиепископот Стефан.
Во делегацијата со него се и Мирополитот Црногорско-приморски Јоаникиј, епсикопот сремски Василиј, Бачкиот епископ Иринеј, зворничко-тузлансткиот Фотиј, крушевачкиот Давид, ремезијански Стефан и Пабачки Јеротиј.
На скопскиот аердором ги пречекале Владиката Петар и Епископот Климент, заедно со амбасадорката на Србија.
Средбата на делегациите била во резиденцијата на Архиепископот Стефан.