Почетна Коментар Ѓуровски: Во исчекување сме на повикот на Патријархот Порфирије за отпус и повик за признавање на црковната автокефалност на Охридската Архиепископија
Ѓуровски: Во исчекување сме на повикот на Патријархот Порфирије за отпус и повик за признавање на црковната автокефалност на Охридската Архиепископија

Ѓуровски: Во исчекување сме на повикот на Патријархот Порфирије за отпус и повик за признавање на црковната автокефалност на Охридската Архиепископија

444
0

Првиот поглавар на МПЦ Архиепископот Доситеј своевремено мошне храбро им се спротивстави на непријателите на нашата црковна независност и ја востанови автокефалноста, знаејќи дека само на тој начин ќе може да ја сочува својата паства од волците во овчи кожи

Благодарение на Одлуката на Вселенскиот патријарх г.г Вартоломеј и нејзино прифаќање од СПЦ се прекина повеќедецениската сестрана изолација и етаблирање на нашата возобновена Охридска Архиепископија како рамноправен меѓународен ентитет во православната екумена.

Покрај утрешниот настан, особено е важно заедничкото богослужење на 12 Јуни на црковните достоиственици г.г.Вартоломеј и г.г.Стефан во Вселенската патријаршија.

Практично, со одлуката на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј и на Мајката Црква на сите православни – Вселенската Патријаршија, нашата Црква конечно доби сопствен ипостас, меѓународно признато постоење.

Во исчекување сме на повикот на Патријарх српски Господин Порфирије за отпус и повик за признавање на црковната автокефалност на Охридската Архиепископија од ВП.

Потребна е претпазливост од големите замки поставени за нашата Црква од оние кои посакуваат нејзино затворање во еден мрачен круг на деструктивно и агресивно влијание кое сите посакуваме да биде зад нас.

Неговото Блаженство г.г. Стефан ќе биде првиот признат Архиепископ на Охридската Архиепископија по нејзиното укинување во 1767 година. Поколенија и поколенија претходници и наши најистакнати дејци цели два и половина века сонуваа за она што ние го доживеавме денес.

И навистина, ние со сето срце извикуваме за Архиепископот Стефан гласно ДОСТОЕН, бидејќи се покажа како наш духовен водач и добар пастир, кој „си ја полага својата душа за овците“ (Јн. 10,11).

Со успехот во црковната дипломатија, кој резултираше со многу значајната одлука на Вселенската Патријаршија, ја заштитивте нашата татковина, Македонија од продорот на туѓите, агресивни духовни влијанија на Балканот, кои не ѝ мислат добро на нашата држава.

Пишува: Марјан Ѓуровски (Фејсбук статус)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *