Почетна Вести Христијанство СПЦ се заканува со раскол доколку МПЦ биде признаена
СПЦ се заканува со раскол доколку МПЦ биде признаена

СПЦ се заканува со раскол доколку МПЦ биде признаена

456
0

Српската православна црква не се откажува од намерата по секоја цена да спречи признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. Свесни дека иднината носи решение за деценискиот спор што тие го држат во заробеништво, српските владици ги користат заканите за раскол како аргумент. Последната таква најава доаѓа од Патријаршискиот двор, лично од викарниот епископ на Патријархот Порфириј Антониј.

Зборувајќи за украинската автокефалност, епископот моравички отворено му се заканил на Вартоломеј дека СПЦ ќе ги прекине сослужувањата со него, ако решеи да го решева црковниот спор во Македонија.

-Константинополскиот патријарх Вартоломеј во Украина направи преседан, кој, во случај да биде повторен на Балканскиот полуостров, може да доведе до прекин на евхаристиското општење на СПЦ со Фанар, изјавил викарот на Српскиот патријарх Порфириј, епископот моравички Антониј (Пантелиќ), на меѓународната богословска конференција во Киево-печерската лавра „Соборноста на црквата: богословски, канонски и историски измеренија“, соопшти на својата фејсбук страница Центарот за информации на Московската патријаршија во Украина.

-Доколку бидат донесени какви било решенија по прашањето на Македонија и Црна Гора, може во најбрзо време да се очекува таква несреќна појава, која може да го наруши евхаристиското општење помеѓу Константинопол и Српската црква, бил дециден епископот Антониј.

Заборавајќи потполно на фактот дека и СПЦ и РПЦ имаат добиено автокефалија од истата Вселенска патријаршија, овој српски епископ го фокусираше своето излагање околу темата дека „Вартоломеј не е папа и нема власт над Црквата и нема полномоштво да доделува автокефалија на ниту една од структурите на помесните цркви.

Нападите од Српските владици кон Вселенскиот патријарх почнаа, откако Вартоломеј го стави во процедура прашањето за автокефалноста на МПЦ-ОА.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *