
СПЦ пред одлука, МПЦ-ОА и ПОА се обединуваат. Епископот Давид викарен на Архиепископот Стефан
Православната охридска архиепископија (ПОА) и МПЦ-ОА, ќе се обединат во една црква и со тоа ќе заврши двасет годишната поделба на црквата воМакедонија.
Плусинфо,објави дека се уште не е донесена конечна одлука на Соборот на СПЦ,кој почна пред еден ден, но дека ПОА генерално е согласна околу суштинските елементи кои Синодот наМПЦ-ОА ги донесе на последната синодска седница, иако некои детали се уште сенејасни.
Плусифо повикувајќи се на извори од Соборот на СПЦ,пишува дека Архиепископот охридски и митрополит скопски г.г. Јован од ПОА ја прифатил титулата митрополит крушевско-демирхисарски во МПЦ-ОА, но засега сѐ уште не е познато дали тој ќе ја задржи и титулата „поранешен архиепископ“. Ресен останува надвор од неговата нова епархија.
Токму тоа беше едно од спорните елементи за кои пишуваше Религија.мк. Другиот спореммомент беше идниот статус на епископот Давид. МПЦ-ОА, не се согласува тој да добие епархија на управување, бидејќи и во ПОА тој е викарен, а не епархиски архиереј. МПЦ-ОА на синодската седница за него не носела одлука, но според информациите од Белград, Давид ќе остане како викарен епископ, но на Архиепископот Стефан. Неговата титула засега сѐ уште не е одредена, бидејќи во МПЦ-ОА веќе има еден епископ стобиски, г. Јаков.
Според неофицијалните информации, актуелниот епископ брегалнички од ПОА, г. Марко отсега ќе биде епископ делчевско-каменички во МПЦ-ОА, а актуелниот епископ полошко-кумановски г. Јоаким ќе биде епископ илинденско-дељадровски во МПЦ-ОА.
Ако заврши според предвиденото, владиците од ПОА ќе треба да ги депонираат своите оставки во СПЦ, а оставките и новите договори ќе треба да ги потпишат српскиот патријарх Порфириј и архиепископот г.г. Стефан. Се тоа ќе треба да биде финализирано со заедничко сослужение на сите епископи и митрополити со новите титули на денот на издавањето на Томосот од страна на СПЦ, 5 јуни.
Она што засега МПЦ-ОА,одбива да и го објасни на јавноста е како Јован ќе биде вратен во МПЦ-ОА, која веќе го расчини. Дали Синодот ќе ја поништи таа одлука или не?
Другиот интересен момент е што за викарен епископ на Архиепископот Стефн ќе биде епископот Давид. Епископот Давид практично добива висока позицијаво МПЦ-ОА и практично ќе значи негов заменик, секаде каде што Архиепископот нема да може даприсуствува. Но, овде треба да се очекуваат и најголемите „сопки“,знаејќи ги темпераментите и на Стефан и на Давид. Едниот веројатно ќе се обиде максимално да ја минимализира улогата на викарниот епископ,пред се овласувајќи свештеници да го заменуваат. Од друга страна, пак другиот ќе инсистира на она што и го следува
Дељардовце и Белимбегово конечно станаа митрополија. Големата историска неправда е исправена. Следно е Јурумлери.