Почетна Политичка теологија Јавни дебати за законот за родова еднаквост на сто метри со пречки
Јавни дебати за законот за родова еднаквост на сто метри со пречки

Јавни дебати за законот за родова еднаквост на сто метри со пречки

1.09K
0

Суштински јавни дебати, или само формално запазување на процедурата? Што подготвува Министерството за труд и социјална политика во процесот за носење на Законот за родова еднаквост?

Веќе се сакажани првите форми на јавни дебати што ги најави Министерството, но реакциите на граѓаните укажуваат дека станува збор само за формална, а не и за суштинска дебата. Група граѓани од Истокот, со писмо реагираат на начинот на кој ќе биде организиорана ова јавна дебата, за овој исклучително спорен Закон, посочувајќи дека Министерството се обидува дебатите да ги сокрие од јавноста.

-На 17.05.2023 година во 11 часот претпладне во салата на Совет на општина Виница Министерството за труд и социјална политика наводно ги поканува граѓаните на јавна дебата во врска со подготовките на новиот закон за родова еднаквост. Звучи демократски, но не и откако ќе се дознае дека истото не е објавено на страната на МТСП, не се известени медиуми. На истата единствено се писмено поканети претставници од општинската администрација од Виница и општините од источно- планскиот регион. Кој ќе дебатира во име на јавноста зад затворени врати во избран круг селектирани административни работници? Зошто јавноста не е навистина информирана, ако дебатата е номинално јавна?, велата група граѓани во јавната реакција.

Министерката за Труд и Социјална Политика, неодамна најави дека ќе има усогласување на одредени делови од Законот, по што тој ќе оди на јавна дебата. Инересно е да се потенцира дека на само еден ден од закажаната јавна дебата во Виница, на интернет страницата ЕНЕР се уште стои старата верзија на законот со сите спорни елементи.

Јавноста прашува за кои законскит текст ќе се водат јавните дебати, ако Минситерствот се уште не ги објавило измените кои ги најавуваше?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *