Почетна Вести Христијанство Соборот на СПЦ треба да расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА
Соборот на СПЦ треба да расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА

Соборот на СПЦ треба да расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА

825
0

Светиот архијерејски Собор на Српската православна црква, што почна вчера со богослужба во белградскиот храм Свети Сава, денеска треба да го одржи работниот дел на кој се очекува да се разговара и за македонското прашање односно за приклучувањето на ПОА во МПЦ-ОА.

Заседанието на највисокото архиерејско, црковно-законодавно и црковно-судско тело на СПЦ под водство на патријархот Порфириј во криптата на Светиот великомаченик кнез Лазар од црквата Свети Сава, според договорената процедура, ќе почне со утврдување на дневниот ред и предлозите доставени од Синодот, а потоа ќе бидат разгледани извештаите за работата на архиереите во сите епархии, како и на централните црковни тела и органи. Како што е најавено на веб страницата на СПЦ, на крајот од заседанието на Соборот ќе биде објавено соопштение за јавноста.

Иако во соопштението за одржувањето на Соборот на СПЦ не е конкретно наведено, српските медиуми објавија дека покрај Косово кое е редовна тема, ќе се разгледува и македонското прашање.

Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и епископите“. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што се надмина повеќедеценискиот меѓуцрковен спор.

-Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, пишува Бета.

Во пресрет на седницата на Соборот, според Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ-ОА и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална потврда и соопштение нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ-ОА.

Ова прашање како тема на Саборот на СПЦ беше најавено и во Скопје по седницата на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА на 25 април кога беше одлучено да почне процесот на интеграција на ПОА.

Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, тогаш изјави дека се донесени неколку одлуки поврзани со поделбата на епархиите, но напомена дека за јавноста ќе бидат познати по усогласувањето со српската црква.

Повикувајќи се на црковни извори, Religija.mk објавија дека постои начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА и кои епархии ќе им бидат дадени. Се очекува тоа да биде направено со прераспределба на постојните епархии на МПЦ-ОА. Заокружувањето на процесот на интеграција би значел и формално згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква.са/

СПЦ / МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *