
Курир: ПОА со канонски отпуст заминува во МПЦ-ОА
Соборот на СПЦ ја донел одлуката за спојување на ПОА со МПЦ-ОА, објавува српски „Курир“.
Според информациите на медиумот, СПЦ ова прашање го затворила со одобруивање на канонски отпус на ПОА со цел обединување со МПЦ-ОА.
-Охридската Архиепископија што ја предводеше митрополитот Јован Вранишковски побарала канонски отпуст од СПЦ, со што со тоа и официјално се укинува црковната јуриздикција на чело со Јован и четворицата епископи се соединуваат со МПЦ-ОА и тие нема како досега да припаѓаат на Соборот на СПЦ, изјавил неименуван извор за „Курир“.
Според истиот извор сите четворица епископи ќе добијат по една епархија во Македонија.
-На нив ќе им биде надреден Архиепископот охридски и македонски Стефан, кого СПЦ го прифати како првоерарх, изваил истиот извор.
Почна големото одбројување во Дељардовце и Белимбегово. За прв пат во нивната повеќевековна славна историја стануваат митрополија. Јурумлери ќе пукнат од мака.