Почетна Вести Христијанство Соборот на СПЦ заврши – ПОА доби канонски отпуст
Соборот на СПЦ заврши – ПОА доби канонски отпуст

Соборот на СПЦ заврши – ПОА доби канонски отпуст

1.57K
0

Српската православна црква не откри детали од договорот за спојување на МПЦ-ОА и на ПОА. Во соопштението по завршувањето на  Соборот, само ја потврди информацијата дека ПОА добила каконски отпуст од СПЦ и дека ќе се интегрира со МПЦ-ОА.

-На годинешново заседание на Светиот архијерејски Собор особено внимание е посветено на темата на конечното решавање на канонскиот статус на архијереите на Православната охридска архиепископија, во светлина на минатогодишната одлука на Светиот архијерејски Синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство – и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалија – на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. За таа цел, Соборот ја донесе одлуката за доделување на канонски отпуст на Јерархијата на оваа автономна Црква од страна на Српската православна црква и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во склад со свештените канони и Уставите на нашите две помесни Цркви, како и со претходнопостигнатиот договор на Синодите на сите три црквени структури“, стои во соопштението на СПЦ.

Во соопштението нема ниту детали дали Соборот на СПЦ донел одлука за измени на Уставот на СПЦ, со цел бришење на епархиите во Македонија од јуриздикциското подрачје на СПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *